Ќе се дислоцира ли Центарот за лечење од зависности?
Наркомани се дрогираат во близина на основното училиште „Кочо Рацин“ и градинката во населбата Гоце Делчев, обвинуваат родителите од оваа населба. Во близина на овие две институции се наоѓа центар за лечење од зависности, поради што присуството на наркозависници е доста големо.
Стравични слики гледаме секојдневно на десетина метри од училиштето и градинка.Нашите деца секојдневно се очи в очи со наркозависниците. Стравуваме дека некој може да ги нападне или ограби, бидејќи тие се непредвидливи. Затоа треба да се премести центарот во кругот на болницата а не да остане овде кај училиштето - вели еден од родителите.
Подршка за дислокација имаат и до училиштето „Кочо Рацин„, од каде поднеле барање до Општата болница и Секторот за образование.
Иницијатива е проследена до сите институции. За жал никој не се одзва да разговараме за проблемот - изјави Драгиша Цветковиќ, директор на ОУ „Кочо Рацин„.
Во болницата потврдуваат дека добиле барање за дислоцирање на центарот, но се уште не нашле соодветно решение за проблемот. Болницата се соочувала со просторни проблеми поради што Центарот за лечење од зависности не можел да се префрли во болничкиот круг. Во Куманово се регистрирани 900 зависници од кои околу 100 лица се лекуваат со метадонска терапија.