Ќе се формира бизнис мрежа во регионот
Министерот за локална самоуправа, Лирим Шабани денеска беше во посета на општина Куманово каде се сретна со градоначалникот Зоран Дамјановски и разговараа за проект за формирање на бизнис мрежа.
Се работи за проект во кој регионот ќе учествува со 10.000 долари, а УНДП со 30.000 долари.
“Дојде со конкретен предлог на УНДП кој е во насока за формирање на бизнис мрежа во регионите. Имаме досега бизнис центри шест и бизнис мрежи каде имаме тесна соработка помеѓу стопанските комори и занаетчиските комори, невладини организации, здруженија на граѓани, регионот и локалните самоуправи. Ќе имаме една канцеларија која ќе ја финансираат од УНДП една година, а проектот ќе биде за подолг временски рок и за тоа ќе се изјаснат донаторите. Имаме проект кој ќе ги интегрира сите овие субјекти се со цел да имаме еден подобар бизнис амбиент, да аплицираме на ИПА проекти, проекти од меѓународна заедница, прекугранична соработка“ - изјави Дамјановски.
Тој вели дека овој проект ќе придонесе за економски развој на нашиот регион кој важи за најнеразвиен во државата.