Ќе се формира Совет за јавно здравје
Во најкус можен рок треба да се формира Совет за јавно здравје, тело кое ќе дава препораки до локалната самоуправа за јавното здравје.
Според Законот за јавно здравје, се задолжуваат општините да формираат Совет за јавно здравје кој треба да биде составен од пет члена каде што еден член ќе биде претставник од Центарот за јавно здравје за таа територија и четири члена се од општината предложени. Тој треба да се состави во најкраток можен рок и се надевам дека тоа ќе биде направено на наредната седница на Советот на Општина Куманово - изјави Сунчица Јосифова, претседател на комисија за социјална, здравствена и детска заштита.
Јосифова објаснува дека советот ќе ги следи политиките во областа на јавното здравје, ќе дава иницијативи и предлози до локалната самоуправа.