Ќе се гради мост кај расадникот на Шумско
16.06.2014 07:52
| KumanovoNews
Мостот на река Липковка кај расадникот на Шумско стопанство, кој се сруши пред половина месец ќе почне да се гради денеска со средства на претпријатијето.
- Пред 15 дена имаше невреме и тогаш мостот падна. Имаме одобрение од генералниот директор, од понеделник ќе почнеме со изградба и ќе го направиме мостот како што треба. Инаку ни треба мостот за да поминуваат камионите, за да имаме пристап до расадникот. Направен е план и анализа колку тоа ќе чини и се надеваме дека изградбата ќе заврши за недела дена - рече Ваит Саити, директор на Шумско стопанство.
Во меѓувреме вработените направиле импровизиран мост од палети по кој ја поминуваат река Липковка за да дојдат на работа во расадникот.