Мени

Ќе се косат тревници пред згради

04.06.2014 10:13 | KumanovoNews

Станари од десетина станбени згради побарале од јавното претпријатије “Чистота и зеленило“ да ги искоси тревниците пред нивните домови.

Ќе се косат тревници пред згради

Барања има за згради лоцирани на улиците “Моша Пијаде“, “Иво Лола Рибар“, “Октомвриска револуција“, “Страшко Арсов“, “Никшиќка“ и други.

  - Прво ќе ги реализираме нашите тековни активности предвидени со програма, а потоа ќе одговориме на барањата како што се доставувани. Би било добро да се договориме со куќните совети за годишно оддржување на тревниците пред зградите што на нив би им било во прилог, би платиле одредна сума за да ги покриеме основните трошоци - рече Благица Јовановска од “Чистота и зеленило“.

Јовановска вели дека косењето на тревниците пред зградите ќе почне кон крајот на јуни.