Ќе се мери бучава на крстосниците
10.05.2013 14:31
| KumanovoNews
Екипа од Центарот за јавно здравје, следната недела ќе мери бучава на десет крстосници во градот.
Вакви мерења се прават двапати годишно во мај и септември. Обработените податоци за степенот на бучава ќе бидат доставени до Министерството за животна средина.
Од претходните години се покажало дека во Куманово бучавата е над дозволеното.
Покрај бучавата во сообраќајот, граѓаните постојано се жалат и на големата врева што ја создаваат разгласите на верските објекти, кои никој не ги санкционира во прекршувањето на законските одредби.