Ќе се одбележи Денот на Општина Старо Нагоричане
04.11.2013 14:30
| KumanovoNews
По повод 11 Ноември - Денот на Општина Старо Нагоричане во петок ќе биде организирана пригодна програма.
Во 10.30 часот во салата на ОУ“Светозар Марковиќ“ ќе се оддржи свечена седница на Советот на Општина Старо Нагоричане, потоа ќе има коктел.
Настанот е под покровителство на градоначалникот Милован Стојковски и општинскиот совет.