Мени

Ќе се оддржи 37 - та меѓународна ликовна колонија “Куманово 2013“

23.08.2013 10:23 | KumanovoNews

Во Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце на 25 месецов ќе се оддржи 37 - та по ред меѓународна ликовна колонија “Куманово 2013“.

Ќе се оддржи 37 - та меѓународна ликовна колонија “Куманово 2013“

Повеќе од 20 реномирани ликовни уметници од Македонија регионот и светот, ќе творат во Пелинце. На колонијата ќе земат учество: Васко Ташковски, Нове Франговски, Марина Лешкова, Цветанка Јованова, Наташа Петковска и Дејан Божиновски од Македонија, Румен Цеков, Иван Тотев и Спартак  Паскалев од Бугарија, Олгица Ѓорѓевиќ и Катерина Ѓорѓевиќ од Србија, Лидија Николае од Романија, Ирмак Донмез од Турција, Мабел Бустос и Хуго Браџони од Аргентина и други.

Уметниците ќе работат во класичните техники како што се масло на платно, акрил на платно и скулптура.

Колонијата ќе заврши на 3 септември, а делата ќе бидат изложени пред кумановската јавност во ноември.

Манифестацијата ја организираат Народен Музеј Куманово и локалната самоуправа.