Ќе се открива бруцелоза и туберкулоза кај говеда
03.10.2013 11:18
| KumanovoNews
Ветеринарите од Ветеринарната станица “Тодор Велков“ почнуваат со дијагностицирање на бруцелоза и туберкулоза кај говедата во кумановско.
Од денеска ќе се земаат примероци крв за анализа на добитокот во селата со што ќе бидат опфатени над 15.000 грла.
Акцијата е задолжителна и се спроведува во цела држава. Сточарите плаќаат минимална сума по грло добиток, а ако одбијат нема да можат да предаваат млеко и да земаат субвенции - вели Јовица Стојковска, директор на Ветеринарна станица.
Во текот на октомври и почетокот на ноември ќе се проверува дали говедата се заболени со бруцелоза и туберкулоза.