Мени

Ќе се отвори сувенирница на Табановце

21.08.2014 13:06 | KumanovoNews

Ќе се отвори сувенирница на граничен премин Табановце во која ќе се продаваат сувенири со македонски мотиви.

Ќе се отвори сувенирница на Табановце

“Тие сувенирници се монтирани, се снабдуваат со сувенири и наскоро треба да се отворат. Ќе понудат ексклузивни домашни производи за странци. Со сувенирницата ќе стопанисува Музеј Куманово“ - велат од Музеј на Македонија.

Од таму објаснуваат дека вакви сувенирници има на граничен премин Богородица, во Скопје, Крушево, Берово, Битола, Дојран, Ресен и други градови во земјава.