Ќе се пошумува Биљановце и Слупчане
Во среда во рамки на акцијата “ Ден на дрвото“ во Куманово ќе се пошумува месноста Гол рид во Биљановце и Мокро поле во липковското село Слупчане.
Како што информираат од Општината Куманово планирано е да се засадат околу 40.000 садници на површина од 30 хектари на двете локации.
Ќе се засадат садници претежно од црн бор, чемпрес, багрем и други. Активно учество во оваа акција ќе земат ученици од средните училишта, а мотото на акцијата е “Засади здравје - засади здрава иднина“. За сите заинтересирани граѓани кои сакаат да учествуваат, ќе има обезбедено бесплатен автобуски превоз. Местото на поаѓање е пред хотел “Кристал“, поранешна градска цвеќара и тоа во два термина во 9 и 11 часот. - изјави Цветанка Арсиќ, советник во одделението за животна средина во Општина Куманово.
Годинава по 12 - ти пат ќе се оддржи акцијата “Ден на дрвото“ која има за цел да ги обнови шумите уништени од пожари и воопшто да го збогати шумскиот фонд во државата.
(фото архива)