Мени

Ќе се реновираат просториите на Пожарна?

15.02.2014 11:12 | KumanovoNews

Територијалната единица за противпожарната заштита Куманово годинава планира да изврши реновирање на работните простории и гаражите каде се сместени возилата.

Ќе се реновираат просториите на Пожарна?

Акивностите се планирани во програмата за 2014 година и се надеваме дека ги реализираме. Тоа не зависи само од нас, туку од повеќе фактори, а пред се од финансиите во Општината - рече Дејан Илиевски, командир на Противпожарна единица Куманово.

Во програмата  за работа во 2014 година на Противпожарната единица  предвидени се повеќе технички вежби како и едукација на пожарникарите при спасување од височини, исцрпување на вода при поплави, спасување на луѓе од хаварисани возила при сообраќајки, интервенции при запален гас и слично.

Пред и по летната сезона ќе се одржат состаноци со командири од другите општини и ќе се анализираат покарактеристичните пожари.