Мени

Целодневен престој за учениците во “Вук Караџиќ“

19.09.2013 09:32 | KumanovoNews

Во основното училиште „Вук Караџиќ“ од оваа учебна година стартуваше целодневен престој за децата од 1 до 4 одделение.

Целодневен престој за учениците во “Вук Караџиќ“

Услугата ќе можат да ја користат учениците од двете смени, а обезбедени им се оброци и времето им е организирано додека нивните родители се на работа.

Оваа година бевме упорни и успеавме да почнеме со целодневен престој. Лани имаше интерес кај родителите, но потоа се откажаа. Ова е особено погодно за родителите кои работат. Одделенските наставници дежураат, така што предпладне се со една наставничка, а попладне се на настава. Ние сме задоволни и верувам дека и родителите се задоволни - рече Надица Петровска, директорка на ОУ“Вук Караџиќ“.

Во мал дел од основните училишта во градот функционира целодневниот престој за учениците.