Центарот на градот без вода
26.08.2011 07:30
| KumanovoNews
Поради дефекти на водоводната мрежа без вода за пиење денеска ќе останат жителите на улиците „11 Октомври„, „11 Ноември„, „Љубе Гачев„ и булеварот „Октомвриска револуција„.
Од ЈП „Водовод„ велат дека екипите се веќе на терен и до 15 часот ќе се отстранат дефектите, а во вечерните часови ќе се нормализира водоснабдувањето.
Денеска во одредени делови на градот ќе има намален дотур на вода и поради енормно зголемената потрошувачка на вода поради високите температури, информираат од претпријатието.