Мени

“Центарот за меѓукултурен дијалог“ отвори онлајн библиотека

18.12.2012 15:55 | KumanovoNews

 ЦИД отвори интернет библиотека која ќе им користи на младите едукатори.

“Центарот за меѓукултурен дијалог“ отвори онлајн библиотека

Онлајн-библиотеката, е интерактивна платформа за младински работници и едукатори, која ќе служи за размена, користење на активности, за алатки од областа на нефомалното образование и младинска работа.

Онлајн библиотеката е достапна на македонски, албански, српски, ромски и англиски јазик. Паралелно со оваа интернет платформа е промовиран и прирачникот „Евроигри“ со активности од неформалното образование наменети за употреба при младинска работа со лица со физичка или интелектуална попреченост. Прирачникот и веб платформата ќе бидат промовирани во Скопје, Србија и Црна Гора.