Мени

Центарот за меѓукултурен дијалог слави роденден

21.12.2012 13:40 | KumanovoNews

Невладината организација Центарот за меѓукултурен дијалог денеска слави 6 години од своето постоење и успешна работа.

Центарот за меѓукултурен дијалог слави роденден

На прославата беа истакнати достигнувањата на организацијата преку отварање на Мулти Култи, подобрување на комуникацијата меѓу младите, формирање на Локален младински совет, развој на волонтеризмот и размена на студенти. При тоа беше потенцирано дека ЦИД е меѓу првите организации во градот кои се раководени од млади луѓе.

Пристапот на човекови права во работата, верувам дека меѓу најпознатите работи кои ги отпочнавме пред три - четири години беше и Стрит фестивалот, првата отворена манифестација посветена на меѓукултурниот дијалог. Работата на странските волонтери во заедницата, подобрувањето на односите во заедницата со граѓаните, со младите. Тоа не се проекти, туку се процеси кои ги започнавме. Посветени сме на градење на системи за поддршка на младите. Тоа е она кон што целиме - рече Ивана Давидовска, директор на ЦИД.

Организацијата работи со волонтери кои се на возраст до 35 години, а за овие години во размени се вклучиле 600 млади луѓе. Само оваа година над 120 луѓе следеле различни обуки.

Се трудиме да работиме на разновидноста. Обично гледаме да имаме од различни земји и различни култури, сепак кога ќе се сретнеме со различна култура и тие учат од нас, и ние од нив. Соработуваме со сите земји од Европа и од земјите кои се членки на Советот на Европа. Имаме направено обуки за повозрасни луѓе кои работата за интересите на младите и со младите луѓе - изјави Матеј Маневски, претседател на ЦИД.

ЦИД е формирана во мај 2006 година. На прославата по повод 6 години постоење на ЦИД присуствуваа советници од Советот на Општина Куманово и членови од невладини организации.