Мени

Честитка од Дамјановски за Рамазан-Бајрам

30.08.2011 10:18 | KumanovoNews

 По повод празникот Рамазан Бајрам, градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски упати честитка до сите верници од исламска вероисповед во градот и државата.

Честитка од Дамјановски за Рамазан-Бајрам

На сите граѓани со муслиманската вероисповест им го честитам големиот празник Рамазан - Бајрам со искрени желби за мир, добро здравје, лична и семејна среќа. Ви посакувам празничните денови да ги поминете во добро расположение заедно со вашите семејства, пријатели и соседи. Во Куманово како мултиетнички град отсекогаш заеднички се славеле празниците, и така нека остане во интерес на нашите поколенија.