Честитка од Советот за Денот на градот
10.11.2011 15:48
| KumanovoNews
Претседателот на Советот на Општината Куманово, Виктор Цветковски во свое име и во името на Советот, упати честитка до граѓаните по повод 11 Ноември, денот на ослободувањето на градот.
Со својата упорност, храброст и пожртвуваност нашите предци го запишаа овој датум во историјата, ден кога на темелите на слободата, Куманово почна повтотно да се издига и гради.
Денеска градот во кој различностите не се слабост туку предност стои гордо исправен пред предизвикот, унапредување во сите свери од општественото живеење, прогресивно движење кон остварување на целите на едно модерно време, како дел од евро атланските структури.
Нека ни е честит празникот 11.Ноември!