Мени

Честитка за Велигден од градоначалникот

05.05.2013 10:29 | KumanovoNews

Градоначалникот на Kуманово Зоран Дамјановски упати честитка за Велигден до сите православни христијани во градот.

Честитка за Велигден од градоначалникот

Во мое лично име и во име на вработените во Општина Куманово, на сите православни верници им упатувам искрени честитики по повод најголемиот христијански празник, Воскресение Христово-Велигден. Посакувам во сите домови во кои се празнува овој голем верски празник да владеат среќата, спокојството, семејната благосостојба, меѓусебна почит и Христијанската љубов. Сите заедно да продолжиме да го следиме патот на светлината и добрината, работејки за уште поголем просперитет на нашата Општина - се вели во честитката од Дамјановски.