Честитки за Свети Валентин за хуманитарни цели
10.02.2014 15:40
| KumanovoNews
Волонтери од Црвен Крст во наредните 4 дена ќе продаваат честитки за Свети Валентин, а собраните пари ќе одат во хуманитарни цели.
Направени се околу 100 честитки и нив ќе ги продаваат волонтерите вклучени во проектот за промоција на хумани вредности на Црвен крст Куманово. Цените се 10 за малите и 30 денари за големите честитки. Продажните акции ќе се одвиваат на Градскиот плоштад и низ продавниците низ градот - вели Сања Голубовска, координатор на млади во Црвен Крст.
Собраните пари ќе бидат донирани за децата од интернатот во Драгоманце.