Четири улици во градот без вода
10.12.2010 10:06
| KumanovoNews
Жителите од улиците „Бранко Богдански-Гуцман„, „Вараждинска„, „Евто Спасовски„ и „Пчињски пат„ денеска ќе останат без вода поради дефекти на водоводната мрежа.
На улицата „Ѓорче Петров„ во Гладно Поле ќе се извршат нови приклучоци. Од ЈП „Водовод„ соопштуваат дека нивните екипи се на терен и работат на отстранување на дефектите. Се очекува водоснабдувањето да се нормализира до 15 часот.