Четиринаесет кумановски доктори со помала плата
17.12.2012 10:11
| KumanovoNews
Вкупно четиринаесет кумановски специјалисти од оние кои штрајкуваат добиле 80 отсто од плата.
- Кај другите колеги има некој баланс. Ако има нова формула за пресметување на плати треба да не известат. Има колеги кои исто имаат сработено според плаќање по учинок, а исплатата е различна. Ова е незаконски, но сепак ние “најдобро“ поминавме бидејќи во другите градови имаше потпишување на изјави, им пуштаа по 7000 денари. Целта е да не скараат, разединат и се ова да се разводени. Во секој град притисоците се различни - вели Билјана Анастасовска, претседател на штрајкувачки одбор.
Штрајкот продолжува со тоа што само итни случаи ќе се примаат се до исполнувања на барањата на лекарите.