Мени

ЦИД бара волонтери за Турција

24.02.2011 11:26 | KumanovoNews

 Центар за меѓукултутен дијалог има отворена позиција за ЕВС волонтер кој би сакал да замине во Турција (Истанбул) за волонтирање во Невладина организација, 9 месеци.

ЦИД бара волонтери за Турција

Волонтерската позиција вклучува  работа со млади луѓе, организирање на работни акции, координација на младински фестивали и различни активности поврзани со младинска работа.

Условите за волонтирање вклучуваат покриени патни трошоци, сместување, храна како и добивање на џепарлак. Волонтирот треба да е државјанин на Р. Македонија и да има помеѓу 18 и 30 години, а се бара и познавање на Англиски јазик.

Оваа можност е отворена за сите што се заинтересирани да се стекнат со искуство во младинскиот и невладин сектор. Проектот на волонтерска служба е финансиран од Европската Комисија, преку програмата Млади во Акција, а конкурсот е отворен до 28 ми фебруари. За повеќе информации ве обратете се во простории на Центар за меѓукултурен дијалог, е-маил [email protected], како и на телефонски број: 078 350 598.