Мени

ЦИД испрати антирасистички пораки

24.03.2014 09:10 | KumanovoNews

Младите од Центарот за меѓукултурен дијалог вчера на Градскиот плоштад оддржа акција со пораки за антирасизам по мото “Се вклопуваме заедно“.

ЦИД испрати антирасистички пораки

Младите волонтери од ЦИД од Куманово, превземаа иницијатива за подигање на свеста на кумановчани за овој вид на дискриминација. На плоштадот беа поставени постери со антирасистички пораки кои го привлекуваа вниманието на случајните минувачи. Освен тоа волонтерите на најмладите им подаруваа балони со сличен натпис и флаери со повеќе информации за расизмот како глобален општествен проблем - вели Елена Маневска од Центарот за Меѓукултурен Дијалог.

ЦИД од 2006 година па наваму работи за општество на меѓукултурниот дијалог, активно граѓанство и одржлив развој, каде што сите луѓе живеат заедно со меѓусебно почитување.

Акцијата во Куманово тие ја направија на последниот ден од “Недела за борба против расизам“.