Мени

ЦИД ја интензивира соработката со бугарските организации

25.03.2014 14:34 | KumanovoNews

Центарот за меѓукултурен дијалог ја интензивира соработката со организациите од Македонија и Бугарија.

ЦИД ја интензивира соработката со бугарските организации

По тој повод неделава ќе бидат организирани неколку настани со претставници на граѓанскиот сектор. Во четврток бугарските партнери ќе го посетат Центарот за развој на североисточен плански регион, а во петок се организира обука за градење на капацитети на граѓански организации од  Североисточен, Источен и Југоисточен регион.

На оваа обука фокусот ќе биде ставен на подигнување на стратешкото планирање на организациите, презентација на овие алатки што досега ги поминавме и начинот како да ги менаџираат човековите ресурси, како соработуваат ефективно, како да се вмрежуваат ефективно и кои се програмите достапни од Европската унија . Во сабота организираме Волонтерски камп на кој ќе има ученици од Гимназија “Гоце Делчев“ и учениците ќе направат промоција на историските и културолошките знаменитости во Североисточниот регион и ќе работат на креирање на информативни табли за нивна промоција - изјави Ивана Давидовска, координатор на проектот.

Целта е преку соработка младите да ги решаваат локалните и прекуграничните проблеми.

За полесно вмрежување на организации во земјава и преку граница промовиран е интернет сајтот www.netwess.org, а за повеќе детали околу  поврзувањето е испечатена брошура.

Проектот се спроведува преку ИПА програмата за прекугранична соработка меѓу Македонија и Бугарија, а парнер на ЦИД е невладината Европски институт од Благоевград која воедно е носител на проектот.