ЦИД лани прими 20 странски волонтери
Центарот за меѓукултурен дијалог лани беше домаќин на 20 странски волонтери, а испрати 18 домашни волонтери во странство.
Преку Европски волонтерски сервис тие испратија 8 ученици надвор од земјава, 5 преку програмата Леонардо Да Винчи и на 5 им овозможија учество во волонтерски кампови. Истовремено 52 млади луѓе се пратени на тренинзи, проекти надвор од земјава и 40 на младински размени. Од ЦИД 2013 ја оценуваат како година полна со успеси, достигнувања и нови соработки.
Оваа е најуспешна година досега за ЦИД. Работевме на две национални платформи за млади, младинска работа и младинско учество. Имавме неколку меѓународни настани со што го оддржавме местото во меѓународните мрежи, имаме нови партнерства - велат од ЦИД.
Младите имаа многу активности на локално ниво и интеракција со нивни врсници од странство кои допатуваа во Куманово за да бидат дел од настаните кои ги организира ЦИД.