Мени

ЦИД организира меѓународна конференција за човекови права

24.07.2013 13:55 | KumanovoNews

 Центарот за меѓукултурен дијалог од денеска па се до 6 август организира меѓународна конференција под мотото “Вклучи се за социјална инклузија, вклучи се за човекови права”.

ЦИД организира меѓународна конференција за човекови права

Планирана е посета на неколку организации во земјава кои работат на подобрување на меѓуетничкиот и меѓукултурниот дијалог.

Конференција ќе се одвива во Куманово, Маврово, Струга и Скопје, а на неа ќе учествуваат 70 луѓе од повеќе европски земји.

Ова е 32- меѓународна конференција која ќе биде координирана од искусен тим од “ЕУ интернационал” од Белгија, организирана од Центар за Меѓукултурен Дијалог  како партнерска организација.