ЦИД организираше “Волонтерски муабети“
05.12.2013 14:33
| KumanovoNews
По повод Светскиот ден на волонтерството, Центарот за меѓукултурен дијалог, денеска организираше дружење “Волонтерски муабети“.
На настанот беа претставени програмите за волонтерство како што е Европскиот Волонтерски Сервис и Работните кампови, а контакт точката за програмата Млади во Акција дистрибуираше материјали. За време на разговорите сите заинтересирани млади можеа да дознаат повеќе за волонтерскиот клуб во ЦИД и како може да се приклучат на тој клуб.- кажаа од ЦИД.
Меѓународниот ден на волонтери се празнува секоја година почнувајќи од 1985 година.