Мени

ЦИД со хуманитарна претстава за помош на глувонемите

04.04.2014 08:47 | KumanovoNews

“И ние можеме“ е театарската претстава која утре ќе игра во кафе бар “Галерија“ во 13 часот, организирана од волонтерскиот клуб на Центар за меѓукултурен дијалог, ЦМА КРИК Скопје и државното училиште за глувонеми “Партенија Зографски“.

ЦИД со хуманитарна претстава за помош на глувонемите

Ова е кратка претстава која носи силна порака, за моменталната состојба на овие лица и нивното секојдневие. Исто така ќе има и бенд од наши средношколци кои го поддржуваат настанот. Целта на овој настан е собирање на финансиски средства за подобрување на условите во кои работат децата од “Партенија Зоографски“ - велат од ЦИД.

Цената на билетите е 50 денари, а со купување на влезница посетителот е потенцијален добитник на награда бидејќи ќе има и лотарија.