ЦИД во борба против говор на омраза на интернет
По повод 10 декември - Светски ден на човековите права, денеска на Градскиот плоштад активисти на Центарот за меѓукултурен дијалог ја промовираа кампањата против говор на омраза на интернет и како да се спречи.
Ја поддржуваме кампањата против говор на омраза која е на ниво на цела Европа. На овој начин ќе го одбележиме Интернационалниот ден на човекови права. Паралелно граѓаните ќе добијат мали налепници и ќе знаат што ЦИД работи, како да се вклучат во оваа кампања, ќе се информираат како можат да пријават говор на омраза. Случајните минувачи можат да се сликаат и да споделат пораки за говорот на омраза на интернет - изјави Викторија Маневска, координатор на волонтери во ЦИД.
Секоја година ЦИД го одбележува Светскиот ден на човековите права, но оваа година одлучија тоа да биде на поспецифичен и интересен начин.