Членови на “Анима Мунди“ делеа прирачници во Куманово
Претставници на здружението “Анима Мунди“ денеска го посетија Куманово и на граѓаните им делеа флаери за вдомување на миленици, надминување на проблемот со бездомните кучиња, зоохигиена и други теми.
Тие донесоа урбана опрема, канти за отпад за миленици кои ќе бидат поставени во парковите низ градот.
Доставивме и информативни табли за опасноста од расфрлање на отровите по јавните површини. Веруваме дека ќе придонесеме во однос на бездомните животни и подобрување на комуналната зоохигиена. Имаме направено неколку прирачници. Има нацрт стартегија за долгорочно регулирање на популацијата бездомни кучиња, обврските на граѓаните и на единиците на локалните самоуправи во врска со овие теми. Како што веќе напоменав има прирачник за сите граѓани кои чуваат миленик, како треба да се однесуваат, има пресек на законите, стерилизација - изјави Столе Велковски, претседател во “Анима Мунди“.
Во прирачниците е потенцирано дека во земјава несовесните граѓани животните најчесто ги трујат со ланат, но расфрлањето на токсични материи е тешко кривично дело за кое се предвидува и казна затвор.
Членовите на оваа организација ќе посетат 11 општини во Македонија за да им порачаат на граѓаните дека е подобро да водмат, отколку да купат милениче.