Мени

Членови на Комисијата за односи меѓу заедниците посетија семинар

02.07.2013 08:10 | KumanovoNews

Членовите на Комисијата за односи меѓу заедниците викендов присуствуваа на тридневен семинар во Струга на кој се дискутираше за функционирањето на овие комисии.

Членови на Комисијата за односи меѓу заедниците посетија семинар

Се цитираше Законот за локална самоуправа кој предвидува формирање на Комисии за односи меѓу заедниците. Таа комисија советодавно делува на општинскиот совет. Се зборуваше за тоа какви обврски имаат членовите и претседателот. Како да се измени и дополни деловник за работа на комисијата. Имаше симулација на одреден проблем и како членовите на Комисијата за односи меѓу заедниците ќе го решат тој проблем, при што се покажа дека тие добро си ја завршија работата - изјави Виолета Петровска, член на Комисија за односи меѓу заедниците.

Таа објаснува дека годинава за првпат во ова тело влегуваат претставници од невладиниот сектор.

Семинарот го организираа Институт за развој на заедниците и ЗЕЛС, а на него учествуваа претставници од шест општини од Македонија.