Мени

Чолиќ во приватна посета на Дамјановски

19.07.2011 14:52 | KumanovoNews

 Градоначалникот Зоран Дамјановски од синоќа е домаќин на балканската ѕвезда Здравко Чолиќ. По гостувањето на „Пиво-фест„ во Прилеп, легендарниот Чола допатувал во Куманово во приватна посета на неговиот долгогодишен, личен пријател.

Чолиќ во приватна посета на Дамјановски

Неможам да дојдам во Македонија, а да не се видам со мојот пријател Зоки. Чест и задоволство ми е што овде имам толку искрен пријател. Тој едноставно, прво е голем човек, потоа мој одличен пријател и успешен градоначалник. Поседува неверојатна енергија и него човек не може да не го сака. Вечерва се враќам за Белград, а повторно ќе дојдам во Македонија во август, кога ќе имам можност да се дружам со моите пријатели и публиката-изјави Здравко Чолиќ во телефонски разговор за Kumanovonews.

Градоначалникот Дамјановски потврди дека пријателството со Чолиќ трае со години наназад, и дека тој е секогаш добредојден во неговото семејство.