Мени

Црвен Крст ќе подели пакети на сиромашните

17.12.2012 13:05 | KumanovoNews

 На 23 загрозени семејства од Куманово, Липково и Старо Нагоричане деновиве ќе им бидат поделени пакети со прехранбени производи, а други 20 домаќинства веќе добија ваква помош.

Црвен Крст ќе подели пакети на сиромашните

Од Црвен Крст велат дека претежно се работи за социјалци, повеќечлени семејства и инвалиди кои не се способни сами да заработуваат. Дел од семејствата се бирани преку Центарот за социјални работи, а останатите сами се пријавиле бидејќи им треба помош.

Во текот на неделата на гладта која се одбележува во октомври, волонтерите собираа симболични донации од граѓаните и фирмите за да им помогнат на сиромашните граѓани. Оваа акција е традиционална и се спроведува години наназад.