Црвен Крст ги промовира хуманите вредности
Во текот на мината година Црвен Крст Куманово реализираше три проекти за промоција на хуманите вредности, а исто толку се планираат и за оваа година.
Лани направивме химанитарна журка, и од парите е купен телевизор за градинката Бубамара. Потоа имаше и турнир во шах заедно со Здружението на пензионери и СВР Куманово. Организиравме и хуманитарен концерт и со парите од влезниците купивме книги за библиотеките во три албански средни училишта. Во овие активности беа вклучени 30 наши волонтери. Три такви проекти ќе има и оваа година, но тие се сеуште во фаза на подготовка, си има точно утврдени критериуми за нив - вели Сања Стојмановска, координатор на млади во Црвен Крст.
Проекти со хуман карактер се организираат ширум Македонија во сите градови со помош на волонтерите и вработените во Црвен Крст.