Мени

Црвен Крст го одбележа Светскиот ден на волонтерството

05.12.2013 12:10 | KumanovoNews

Волонтери од Црвен Крст денеска по повод 5 декември - Светскиот ден на волонтерството на Градскиот плоштад делеа флаери на граѓаните.

Црвен Крст го одбележа Светскиот ден на волонтерството

Ќе направиме една показна вежба за прва помош со убод од страно тело во делот на дланката. Втората показна вежба е за ампутирани прсти. Јас сум волонтер веќе 4 години. Мотив ми е хуманоста. Во Црвен Крст дојдов уште во прва година средно училиште, тогаш не регрутираа. Кога отидов таму мислев дека е забава, но откако навлегов подлабоко сфатив дека сето тоа е хуман чин кон луѓето - вели Стојан Крстов, волонтер во Црвен Крст.

Црвен Крст Куманово има околу 200 активни волонтери, меѓу кои има основци, средношколци, студенти и повозрасни луѓе.