Црвен Крст го одбележува денот на љубовта и виното
11.02.2013 13:37
| KumanovoNews
Во просториите на Црвен Крст задутре во 11 часот ќе биде одбележан денот на виното и љубовта.
Прославата е традиционална и со своето културно уметничко друштво ќе се претстави Здружението на пензионери Куманово, a ќе се чита и љубовна поезија.
На сличен начин и лани биле одбележани Свети Трифун и Свети Валентин.