Црвен Крст и ЕВН поделија пакетчиња на децата со посебни потреби
25.12.2012 11:11
| KumanovoNews
Акција под мотото “Да споделиме радост“ вчера направија ЕВН Македонија и Црвен Крст, при што беа поделени пакетчиња на загрозени групи на граѓани.
Тие ги посетија децата од Дневниот центар за лица со интелектуална попреченост, потоа и социјално загрозените деца од Липково, Старо Нагоричане, загрозени деца кои се евидентирани во Црвен Крст и Центарот за социјални работи. Подароци од Дедо Мраз добија вкупно 70 деца.
Во акцијата беа вклучени 10 волонтери, 2 вработени од Црвен Крст и 4 одговорни од ЕВН Македонија.