Мени

Црвен Крст организира камп за волонтери во Драгоманце

04.08.2014 09:05 | KumanovoNews

Црвен Крст Куманово од 12 до 14 август во с.Драгоманце организира камп за своите волонтери, кои ќе се обучуваат за прва помош при катастрофи.

Црвен Крст организира камп за волонтери во Драгоманце

На кампот ќе учествуваат 30 - тина волонтери, а обучувачите ќе бидат од Црвен Крст од Скопје.

   - Шатори ќе бидат поставени помеѓу интернатот и училиштето во село Драгоманце. Волонтерите ќе бидат поделени во две групи. Целта на кампот е волонтерите да се дообучат и ова на некој начин им  е награда за сработеното - вели Сања Голубовска, координатор на млади во Црвен Крст Куманово.

Кампот е традиционален и се оддржува секоја година со исклучок на минатата.