Црвен Крст организираше отворен ден
10.12.2012 13:59
| KumanovoNews
За омасовување и промоција на Движењето на Црвениот крст, Општинската организација на Црвен крст Куманово во своите простории денеска организираше мини ликовна колонија за деца од прво до петто одделение.
Поканети беа сите основни училишта од Куманово, присутни беа ученици од ОУ “Кочо Рацин“, ОУ “Крсте Мисирков“, ОУ “Вук Караџиќ“, ОУ “Бајрам Шабани“, со нивните ментори. Имаше 19 учесници, а дипломи и благодарници им беа доделени на најдобрите - вели Сања Стојмановска, координатор на млади.
И задутре Црвен Крст организира настан за промоција на својата работа.