Црвениот крст подели 30 пакети на сиромашните
07.06.2011 13:17
| KumanovoNews
Црвениот крст од Куманово по повод Неделата на солидарноста од 1 до 7 јуни, организираше акција за собирање на хуманитарна помош.Акцијата ја спроведуваа волонтерите под мотото „Од куќа до куќа”, а донираа и правни субјекти.
Од собраните средства, купени се продукти за 22 прехрамбено-хигиенски пакети и 8 пакети донација од „Алфа Банка„ ги поделивме на социјално најзагрозените семејства од градот. Нашите активности нема да запрат тука,к ние во континуитет работиме за најранливите јкатегории на граѓани-велат од општинскиот Црвен крст.