Мени

Цвет и книга за редовните читатели

16.04.2013 07:59 | KumanovoNews

 По повод 23 април - Денот на книгата и авторското право во библиотеката “Тане Георѓиевски“ на читателите ќе им подарат книга и цвет.

Цвет и книга за редовните читатели

Оние кои ќе дојдат да зајмат книга тој ден ќе бидат наградени. Ќе се прочита порака од генералниот секретар на УНЕСКО, за значењето, местото и улогата на книгата во општеството. Порака за книгата пишуваат и нашите писатели кои работат со книгата. Такви пораки пишуваа досега писателите Венко Андоновски, Матеја Матевски, Петре Андреевски и други - вели Нада Ивановска, директорка на библиотеката.

Акцијата за подарување книга и цвет е традиционална во повеќе земји, а на почеток се практикувала во Шпанија.  

Денот на книгата се празнува 12 години. Одбележувањето на 23 април е иницирано од УНЕСКО и на тој ден во целиот свет се поттикнуваат читањето, издавачката индустрија и заштитата на интелектуалната сопственост преку авторското право.