Мени

Цвет за дамите кои плаќаа сметки во ЕВН

10.03.2014 08:24 | KumanovoNews

Жените кои на 8 март плаќаа сметки за струја на шалтерите на ЕВН во Куманово добија рози од компанијата.

Цвет за дамите кои плаќаа сметки во ЕВН

Сите дами кои во сабота плаќаа сметки за струја на шалтерите на ЕВН низ земјава добија на подарок роза. Овој потег на компанијата наиде на одлични реакции на сите кои беа на шалтерите на ЕВН и во Куманово - вели Атанас Ковачевски, портпарол на ЕВН Македонија.

На ваков начин неколку компании од земјава го честитаа Меѓународниот ден на жената - 8 март.