„Цветна идила„ победи на Вешта жена
Милена Симоновска од Куманово ја освои првата награда на општинската манифестацијат „Вешта жена„ што викендов се одржа во ресторанот Бела Дона.
Се натпреваруваа 6 учеснички, од кои Симоновска беше најдобра во вкупниот пласман во категориите: општ впечаток на масата, прво место од публиката и стручното жири.
Пресреќна сум што токму на полнолетството на оваа манифестација јас сум победничка, иако тоа незначи дека и другите кандидатки не беа добри. Ова е мое второ учество на „Вешта жена„ и се надевам дека не е и последно. Масата ми беше наречена "цветна идила", а инспирацијата ја црпев од младоста, убавината, пролетта и сета убавина која таа си ја носи со себе.Цвеќето е незаменлив подарок за секоја жена и за секоја пригода, па и за натпреварување од ваков вид - рече победничката.
Симоновска ќе го претставува нашиот град на републичкото натпреварување на 13 и 14 мај во Тетово кое по 20 пат.
