“Да не биде доцна“ премиерно во Народниот театар
Во Народниот театар Куманово, утревечер премиерно ќе биде изведена претставата “Да не биде доцна“, која ја подготвија ученици од средните училишта во градот со подршка на СВР Куманово.
Преку претставата која е дел од проектот “Безбедни училишта“ учениците ќе испратат порака дека семејното насилство треба да се спречи за да не трпат последици децата.
Претставата е направена на македонски и албански јазик. Односно има две театарски претстави. На македонски јазик во која учествуваат ученици Албанци, и една на албански јазик со ученици од македонските училишта се со цел да има дружење и мултиетничка комуникација. Повеќе од месец дена имавме интензивни проби, секојдневни, дури некогаш имавме и по две проби. Голем придонес дадоа актерите Горан Илиќ и Кети Дончевска Илиќ, Енвер Халими и Вилдан Максути. Претставите имаат хумор, малку се зборува на кумановски, малку на македонски јазик - изјави Виолета Богдановска, раководител на отсек за превенција во СВР Куманово.
На премиерата се поканети гости од повеќе министерства, градоначалниците од регионот, советниците, пратениците, претставници од училиштата и други.
“Да не биде доцна“ почнува во 19 часот, а на албански јазик ќе биде изведена во сабота на истата локација и во исто време.