Мени

Дали сме подготвени за дигитализација?

30.05.2013 12:33 | KumanovoNews

Од задутре стартува дигитализацијата на телевизите, по што граѓаните само со обична антена или со постар тип на телевизор нема да можат да ги следат програмите.

Дали сме подготвени за дигитализација?

За таа цел оние кои досега не биле приклучени на кабелска телевизија, треба да набават рисивери. Дел од граѓаните оваа обврска веќе ја завршиле, а дел не.

Јас бев да нарачам рисивер и имаше долга редица, има многу метеж. Досега само со обична антена фаќавме програми, а планираме и телевизорот да го замениме, да купиме плазма. Не знам дали ќе биде подобро со дигитализација, но ќе биде поскапо бидејќи има пензионери кои со обична антена фаќаат неколку канали, гледаат само вести и за нив ова е непотребно - вели Валентина Ѓорѓевиќ.

Меѓу кумановци има и такви кои со години се претплатени на кабелска телевизија.

 Кабелска имаме повеќе од осум години. Кај мене нема ништо да се смени, немам потреба од рисивер. Луѓето гледам дека се растрчани, купуваат дигитални рисивери - рече Лидија Спасовска.

Дигитализацијата има повеќе предности и ќе  понуди поквалитетна слика, звук, превод на тв каналите и друго.

 Да видиме прво како ќе оди, па потоа ќе зборуваме за успеси и неуспеси. Ние ќе одиме преку кабел, кабелските имаат дигитален сигнал. Доаѓа дигитално време и нема да биде полошо сигурно, туку ќе биде подобро за сите. За гледачите ќе има голема понуда. Да споредам со мобилна телефонија, кога се појави беше скапа и чудна, но сега е ефтина и ова ќе биде така само ќе треба малку време - изјави Гордана Милковска, сопственичка на ТВ “КРТ“.

Војче Крстевски, уредник во ТВ НОВА вели дека со дигитализијата до гледачите ќе биде испорачана поквалитетна слика.

 Очекуваме да има подобра слика и тон, доколку кабелскиот оператор се заложи да ги исполни условите кои се предвидени од страна на СРД и АЕК и тие од нив ќе бидат контролирани. Ние си остануваме на кабелските оператори, а за конзументите ќе има подобар квалитет - додава Крстевски.

Дигитализација на телевизијата е спроведена во дел од европските земји, а останатите наскоро треба да го исполнат овој критериум.