Мени

Дамјановски: Државните институции се ставени во партиски цели

02.04.2013 11:11 | KumanovoNews

 Кандидатот за градоначалник на коалицијата Сојуз за иднината, Зоран Дамјановски го обвини премиерот и министрите од владата, дека водат валкана изборна кампања, со тоа што државните институции ги ставаат во функција на партиски цели.

Дамјановски: Државните институции се ставени во партиски цели

Според него, нелогично е по неколу министри дневно да доаѓаат во градот и при тоа да ветуваат проекти кои не се во нивна надлежност, за кои во изминатиот период не пројавиле интерес да ги реализираат. Како пример ја посочи изгрдбата на улицата 100 во населбата Карпош и промоција на индустриска зона.

Затоа мислам дека овие избори не се избори за локална власт помеѓу Зоран Дамјановски и Зоран Ѓеорѓиевски, туку избори на Груевски и Владата против Зоран Дамјановски. Ваквиот начин на добивање на избори нема да ја подобрат демократската клима во држата. Тоа покажува во какво време живееме и со какви методи се служи централната власт. Апелирам МВР да си ја врши својата работа за зачуваување на јавниот ред и мир, а не да ги следат политичките неистомисленици. Да дозволиме граѓаните на изборите да ја изразат нивната воља, а не со притисок, уцена и поткупување, по секоја цена да се настојува да се земе градот -рече Дамјановски.

Актуелниот градоначаник се надева дека на 7 април, граѓаните ќе му ја дадат довербата и ќе извојува уште една голема победа.