Дамјановски го посети Табановце
Градоначалникот Зоран Дамјановски, денеска се сретна со жителите на село Табановце на кои им вети изградба на пат, вработување и решавање на комуналните проблеми.
При тоа нагласи дека програмата е правена врз основа на потребите на народот, а акцентот е ставен на економскиот развој во општината.
Табановце е мултиетничка заедница. Имаме единствено училиште “Браќа Рибар“,во кое наставата се изведува на три јазика, училиште кое гордост за граѓанскиот концепт на Република Македонија. Овдека населението е мешано од српска и македонска заедница, а живее и албанско населние. Изградивме спортски терен во самото училиште, пат во должина од 1,8 км пат до Сланиште, а ќе направиме уште еден дел од вертикалата и ќе создадме услови за урбано живеење. Овдека имаме направено проект за канализацион систем, во склоп на шесте региони кои сме ги направиле пред две - три години, но не го реализиравме поради блокада на Владата. Ние ќе бидеме упорни, ќе аплицираме во европските фондови. Овдека не се само комуналните проблеми, туку и економски проблеми. Имаме млади луѓе, невработеност, ова е претежно земјоделско население - изјави Дамјановски.
Пред присутните говореше и носителот на советничка листа, Максим Димитриевски кој кажа дека советниците не се привилегирани граѓани, туку треба да бидат слуги на народот.
Ние сакаме со оваа советничка листа да покажеме на граѓаните дека СДСМ е поблизок со народот.Она што првенствено е важно е дека во Република Македонија владее посредничка демократија, тоа значи механизмот на одлучување преку советниците треба да ви биде ставен на вас граѓаните на располагање. Со наши меѓусебни контакти, размена на идеи и нивна имплементација во самиот совет, советник не е привилегиран граѓанин, туку преку него ви даваме можност да вие како граѓани сами одлучите за вас и за нашиот град - вели Димитриевски.
Тој смета дека оваа советничка листа ќе извојува победа на локалните избори. Градоначалникот Дамјановски ги негираше обвинувањата на неговите политички противници дека немаат програма, напротив кажа дека нивната програма е за народот, а власта вложува само во Скопје и во споменици од кои народот нема никаква корист.