Мени

Дамјановски ја посети населбата Иго Тричковиќ

06.03.2013 16:24 | KumanovoNews

 Градоначалникот Зоран Дамјановски денеска ја посети населбата Иго Тричковиќ и на жителите им вети дека ќе им ги реши комуналните проблеми и невработеноста.

Дамјановски ја посети населбата Иго Тричковиќ

Наредниот пат кога ќе дојдеме секој дом да го посетиме ќе биде тоа со пропаганден материјал, се она што значи програма и нашите визии за Куманово. Пред се за вашите желби од проектот “Моето маало“. Како што знаете и ова е најдобар доказ за она што го работевме изминатите четири години е што оваа месна заедница која е најголемо избирачко место во Република Македонија. Направена е голема урбана средина која имаше и сеуште има многу отворени комунални проблеми. Се надевам дека ќе ги решиме во наредниот период. Досега ги решивме главните сообраќајници, главните цевководи кои ги работевме заедно со проектот на месната заедница и да направиме асфалт до секоја уличка. Тоа е една од заложбите, бидејќи тие две работи одат паралелно. Имаме едно од најдобрите осветлувања во градот, две крстосници главни улици, да не кажам булевари и пробивање на патот за Магаза со што патот од Иго Тричковиќ до градот е драстично скратен за неколку километри - изјави Дамјановски.

Тој рече дека во двата мандата се залагал сите граѓани да имаат еднакви можности, а оваа населба имала голем напредок. Дамјановски ветува дека во следниот мандат ќе биде фокусиран на економскиот развој бидејќи во градот, па и во населбата која денеска ја посети има многу невработени луѓе.

На граѓаните им порача дека на овие локални избори со својот глас даден за СДСМ даваат зелено светло за предвремени парламентарни избори.