Мени

Даница Петровска објави песни во “Поетска харфа“

20.05.2013 08:17 | KumanovoNews

 Поетесата Даница Петровска од Куманово, објави дел од своето творештво во групната стихозбирка “Поетска харфа“, заедно со уште дваесетина поети од Македонија.

Даница Петровска објави песни во “Поетска харфа“

 Јас сум застапена со песната “Сонетна приказна“, тоа е сонет составен од 15 песни. За жал целата песна не стаса, сите автори имаа простор од 7 страници. Целата песна е предлога. На сите автори има биографија - вели Петровска.

“Поетска харфа“ беше помовирана викендов во еден скопски манастир, а издавањето на збирката е финансирано од самите автори.